Tuesday, March 17, 2015

Спортувањето и физичката активност се блиско поврзани со нашето здравје и секојдневно функционирање. Сите знаеме дека нашето тело е машина која треба на здрав и правилен начин да се одржува. Со тоа ние постигнуваме хармонија и го штитиме истото од болести.
Сега е лесно и многу едноставно да се решиме да почнеме со некаков спорт, физичка вежба или некоја друга активност. Нашиот град е доста поволен за спортување, има места и предели на кои можеме тоа безбедно да го изведеме.

Доколку решиме тоа да биде на отворено, доволно е да го посетиме кејот на Вардар, патеката која е наменета за пешачење е доволна за секојдневната активност која му е потребна на нашето тело, исто така може да возиме велосипед по истата, да пешачиме или доколку се одлучиме овие активности да ги правиме и на падините на Водно. 

Растот на рекреативци кои го посетуваат Водно за време на викендите или преку недела е од ден во ден се поголем. Поради ова може да се забележи и дека свесноста за здрав начин на живот е многу поголема од претходно.

Изминативе години може да се пофалиме дека нашиот град стана место во кое може да најдеме многу нови одлично опремени спортски сали, теретани, и други затворени установи за физичка активност. Исто така е зголемен и бројот на луѓе кои ги користат истите.
Фитнесот и аеробикот станаа дел од секојдневието за многу луѓе и тоа е одлично, интересно и занимливо е што можеме да видиме многу групу како заедно ги применуваат овие вежби покрај кејот на Вардар, или градскиот парк. Доволна е само малку желба и волjа за да им се придружиме и почнеме да се грижиме за сопственото тело.

За оние кои сакаат да пробаат нешто ново и поинакво, тука се и базените покрај часовите со рекреативно пливање, може да учествуваме и на аква аеробик вежбите.
Овие вежби се релативно нов правец во физичката активност но сепак многу популарни и функционални. Овој вид на аеробик се изведува во плитка вода, најчесто во базени кои не треба да се подлабоки од половината на еден просечен човек, ова е правило и на овој начин вежбите кои ги применуваме имаат најмногу ефект.

Како и за останатите, така и за оваа програма е потребен инструктор кој ќе не води низ неа. Овој спорт е доста забавен бидејќи се изведува во група а со вежбите се фокусираме на нашата издржливост, и создавање на пријатна атмосфера. Програмата е комбинација од  зумба чекори, јога, и аква џогинг и се препорачува за секоја старосна граница.

Се препорачува да се вежба подолго, бидејќи на тој начин ќе ги осетиме вистинските вредности на овие вежби. Тие го подобруваат тонусот на нашето тело, ни одржуваат подобар баланс во организмот, со помош на движењата целото тело ни е активно и на тој начин подобро го обликуваме истото. За поквалитетно вежбање и заштита од несакани повреди, убаво е пред да почнеме со овие вежби да направиме тегнење на нашето тело или да го загрееме за тоа што следува. На овој начин лесно може да го обликуваме телото и да ја изгубиме несаканата тежина.


На нас останува да го пробаме ова ново и интересно искуство, доволно е да се упатиме и информираме за истото во некоја од установите каде се одржуваат овие часови. Повеќе информации и лесно да се зачлениме може да најдеме и на сајтот купи на попуст, кој има одлични понуди за овој вид на спортување и тренинг. 

No comments:

Post a Comment